Поврзете се со нас

Формула 1

Формула 1 се надева на старт во јули, но се подготвува и за најцрно сценарио

Објавено

на

Раководството на Формула 1 се надева дека почетокот на јули и двојната програма во Австрија дефинитивно ќе означат почеток на новата сезона, но сопствениците на комерцијалните права на шампионатот се подготвуваат и за најцрното сценарио.

Тоа е да нема Ф1 трки во цела 2020 година, односно да биде елиминирана цела сезона, а ваквата информација ја сподели Чејс Кери, извршен директор на Формула 1.

На денешниот видео состанок со инвеститорите тој ги претставил финансиските резултати и истакнал дека не може да се исклучи опцијата да нема трки годинава, па било зборувано и на тема како би се постапувало во таква ситуација.

– Остануваме убедени, иако не постојат гаранции, дека ќе има првенство во 2020 година.

– Во моментов работиме на тоа сите трки да бидат максимално безбедни по здравјето на сите учесници, а на трките во Европа веројатно нема да има публика. Се надевам дека фановите ќе можат да ги следат трките во втората половина од сезоната, – вели Кери.

Компанијата „Либерти Медиа“ која менаџира со Ф1 денеска пријави намален приход за 84 проценти во првиот квартал на 2020 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни