Формула 1 повеќе нема да биде иста: Традиционалниот термин од 14:00 часот замина во историјата! (Фото)

formula-grid

Новите водечки луѓе во Формула 1 најавија дека ќе направат неколку значајни промени во „најбрзиот циркус“ во светот во пресрет на новата натпреварувачка сезона, а ако првиот преземен чекор беше отстранувањето на популарните „грид девојки“ во воведот на трките, денеска пристигна официјална информација дека во историјата заминува и традиционалниот термин кој беше одлика за ова натпреварување.

Трките на европско тло досега се возеа стандардно во 14:00 часот, но според новиот формат и распоред кој го направи „Либерти Медиа“, трките на Стариот континент ќе започнуваат во нов термин, или точно во 15:10 часот. Промени има и за трките кои се возат на другите континенти, а комплетниот распоред кој одново предизвика многу измешани реакции во јавноста погледнете го во продолжение…

termini1

 

Facebook Коментари