Поврзете се со нас

Формула 1

Формула 1 по речиси десет години се враќа во Турција, потврдени уште четири трки во календарот

Објавено

на

Од Формула 1 денеска преку соопштение потврдија уште четири трки во календарот за натпреварувачката 2020 сезона.

За прв пат по 2011 година оваа сезона ќе се вози трката за Големата Награда на Турција која ќе се вози на „Истанбул Парк“ на 15. ноември.

Веднаш по оваа трка ќе следат двете трки во Бахреин кои ќе се одржат на 26. ноември и 6. декември, за сезоната да се комплетира со трката во Абу Даби која ќе се вози на познатата „Јас Марина“.

Од Формула 1 исто така потврдија дека оваа година нема да се одржи Гран прито за Големата награда на Кина кое првично беше одложено.

– Можеме да потврдиме дека Турција, Бахреин (домаќин на две трки) и Абу Даби ќе бидат дел од ревидираната сезона. Сакаме да изразиме голема благодарност за напорната работа на нашите промотори и партнери кои направија сезоната со 17 трки да биде возможна.

– За жал, нема да се тркаме во Кина оваа година, а притоа сакаме да изразиме благодарност на нашиот партнер „Јус Спортс“ за нивната поддршка и посветеност во последниве месеци. Со нетрпение очекуваме да се вратиме во Шангај следната сезона, -стои во соопштението лиферувано од Формула 1.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни