Поврзете се со нас

Формула 1

Формула 1 одреди термин за квалификациите, но и ја помести главната неделна трка во Бразил (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/F1

Саботното невреме во Сао Пауло им ја отежни работата на Ф1 организаторите и ги принуди да ги откажа саботните квалификации, но истите не се целосно отстранети од програмата за овој гран-при викенд.

Два часа по откажаната саботна сесија, Формула 1 со официјално соопштение ја извести јавноста дека ќе дојде до промена на неделната програма, па така во неколку часа ќе се гледаат и квалификации и трка.

Официјалните квалификации за трката ќе почнат во 11:30 часот, додека има промена и во терминот предвиден за главните возбудувања.

Трката е поместена за терминот во 12:30 часот по локално време во Бразил, односно во 16:30 часот по средноевропско време.

Оваа најава е направена и според подобрите временски прогнози за утрешниот ден, што дефинитивно е добра вест и за возачите, но и за фановите на Интерлагос.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни