Поврзете се со нас

Формула 1

Формула 1 објави ревидиран календар и потврди дека нема да има 23 трки

Објавено

на

Откажувањето на трката во Јапонија ги натера челниците на Формула 1 да ја прифатат реалноста и да потврдат дека сезоната нема да има 23, туку 22 трки.

Формула 1 го истакнува фактот дека и оваа бројка е нов рекорд, но пандемијата не му дозволи на раководството да ја исполни првично зацртаната цел.

Денеска е објавен ревидираниот календар на трки до крајот на сезоната и има различни поместувања, како и една трка за која и натаму е неизвесно каде ќе биде возена.

По актуелниот Ф1 викенд во Белгија следат трките во Холандија, Италија и Русија кои остануваат во досегашните термини.

Американското гран-при исто така ќе биде возено во претходно најавениот термин, а една недела наназад одат трките во Турција, Мексико и Бразил.

Последната трка ќе се вози во Абу Даби на 12. декември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни