Поврзете се со нас

Формула 1

Формула 1 ќе се соочи со промени во календарот уште пред првата трка

Објавено

на

Неколку угледни медиуми пренесоа шпекулации дека стартот на новата сезона во Формула 1 е под прашалник, но сега истите се поткрепени и со изјавата на првиот човек на ФИА, Жан Тод.

Во текот на декември специјализираното тело, Светскиот совет за моторспорт при ФИА, го одобри календарот со 23 трки, а денеска англискиот „Аутоспорт“ пренесува изјава од претседателот Жан Тод во која се најавува дека „за жал, не е готово“.

– Немаме ситуација како сезоната да завршува, почнуваме со празен лист хартија. Карантин се уште ќе има, затворања, вирусот е се уште тука. Постои напредок, ја очекуваме вакцината, па треба да биде добро за популацијата, за планетата. Но, сигурен сум дека во блиска иднина ќе слушнеме за многу потенцијални измени во различни календари, не само во Формула 1. Ако треба да се обврзам на новата нормалност, иако очекувам животот да биде поинаков отколку пред кризата со Ковид-19, тогаш мислам дека во половина од годината не можеме очекуваме да биде како во нормална сезона,- вели Жан Тод.

Првата трка е закажана за 21 март во Мелбурн, Австралија, но владата на државата Викторија каде што се вози трката, во моментов не отстапува од барањето секој што ќе влезе во земјата да помине 14-дневен карантин. Оваа мерка им била соопштена и на организаторите на тенискиот грен слем во Мелбурн и учесниците што ќе сакаат да бидат дел од истиот ќе мора да го почитуваат ова правило.

Се очекува најдоцна до крајот на јануари и официјално да се знае судбината на трката, бидејќи тогаш почнуваат зафатите со конструкциите на трибините во Алберт Парк, како и логистичките подготовки за патувањата на екипите. Во моментов се шпекулира дека ова гран при ќе биде поместено за подоцна во сезоната. На почетокот од 2020 година, трката беше откажана на само два часа пред почетокот на петочните тренинзи, па организаторите беа критикувани за лошо справување со ситуацијата.

Во другите спортови исто така има пример со откажување на првата трка: во Формула Е се откажа трката низ улиците на Чиле, бидејќи на државјаните на Велика Британија не им е дозволен влезот во земјата поради тамошната ситуација со пандемијата.

Доколку навистина не се одржи првата трка согласно планираното, сезоната ќе започне со Големата награда на Бахреин на 28 март, по што би требало да следи трката за Големата награда на Кина на 11 април.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни