Поврзете се со нас

Формула 1

Формула 1 го потврди откажувањето на трката во Јапонија

Објавено

на

Трката за Големата награда на Јапонија во Формула 1 и годинава нема да се одржи, а причина повторно е пандемијата на коронавирусот.

Организаторите и челниците на Ф1 дошле до заклучок дека компликациите поради пандемијата во азиската земја не дозволуваат одржување на трката, што е нова промена во турбулентната Формула 1 сезона.

Сузука требаше да биде домаќин на Ф1 циркусот во средината на октомври, но исто како и лани, јапонските фанови остануваат без моторспорт спектаклот во својата земја.

Раководството на шампионатот веќе бара солуции да го пополни испразнетото место, а добар знак е што добива голем број понуди за организација на секоја од откажаните трки оваа сезона.

Во моментов трае летниот одмор во шампионатот, а прва следна трка е за ГН на Белгија на 29. август.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни