Формула 1 доби ново лого и дизајн: Хамилтон излезе прв со реакција

Luis Hamilton reakcija

Првиот човек на Формула 1, Чејс Кери на последната трка која се одржа викендов во Абу Даби, која воедно беше и последна сезонава во шампионатот,  го промовираше новото лого на Ф1.

Тој во своето излагање изјави дека старото лого е од 1987 година и му било време за промена која ќе го донесе нова енергија во ова клупско натпреварување.

– Знам дека ќе има реакции, тоа е нормално. Секогаш кога ќе направите некоја промена, следуваат лавина на различни реакции. Новото лого ја носи, новата енергија и возбудувањата. Нашата желба е преку новата енергија во највозбудливиот спорт да влијаеме и да го унапредиме на секое ниво.

Но, веднаш се јави шампионот на Ф1, Луис Хамилтон, кој посочи дека не е голем љубител на новото лого.

– Не сум љубител на новото лого, на новиот дизајн. Претходното лого имаше историја и беше икона, беше бренд, а ова, па не баш. Еве, пример замислете си Ферари да реши да го смени својот дизајн и лого, што мислите што ќе се случи, изјави Хамилтон.

Facebook Коментари