НБА
Форензичарите ги открија деталите: Наодот од аутопсијата за смртта на Коби е страшен и брутален
Неполни четири месеци по страшната трагедија која се случи во регионот Калабасас, форензичкиот кабинет од Лос Анџелес излезе со официјални податоци по направената аутопсија на телата кои беа пронајдени во хеликоптерот и надвор од него.
Коби Брајатн, неговата ќерка Џиана и уште седум патници (вклучувајќи го и пилотот) го загубија животот во ужасната несреќа која се случи на крајот на месец јануари, а со оглед на тоа што стануваше збор за вест која го потресе цел свет, одговорните луѓе од судска медицина со забрзано темпо работеа на случајот.
Така, нецели четири месеци подоцна, во официјалното соопштение се вели дека пилотот Ара Зобојан немал алкохол или дрога во неговиот организам, но исто така се наведува дека сите девет погинати го загубиле животот веднаш по силниот удар во ридот.
Во приложениот извештај и изнесените податоци од страна на кабинетот, се добива страшна и брутална слика за тоа колку бил ужасен инцидентот, бидејќи се опишува дека имало скршени коски, скршени черепи, делови од распрнати тела и изгореници.
Сепак, како главна причина за смртта кај сите девет патници е посочена тешка траума здобиена од првичниот удар при уривањето на леталото, по што Коби, неговата ќерка и останатите немале никаква шанса да се спасат од најцрното сценарио.
-
НБА23 часа
Тренерот на Лејкерс најави кога очекува деби на Дончиќ во новиот тим
-
НБА16 часа
„Кралот“ во елемент: Леброн даде три тројки за 48 секунди и ја запали публиката во Лос Анџелес (ВИДЕО)
-
Франција12 часа
Магичен дебитански гол на Кварацхелија, ПСЖ со лекција за Монако (ВИДЕО)
-
Балкан22 часа
Далиќ одбил понуда со која ќе станел најплатен селектор во светот
-
Англија12 часа
Мегваер погоди во „последен час“, Јунајтед со пресврт до осминафиналето во ФА Купот (ВИДЕО)
-
Формула 122 часа
Откриени платите на Ф1 возачите: Две ѕвезди се далеку пред останатите ривали
-
Италија17 часа
Елмас го послушал Пандев: Ми кажа веднаш да потпишам за Торино
-
Свет16 часа
Роналдо со прв гол како 40-годишник, Дуран ја „отвори сметката“ за Ал Наср (ВИДЕО)