Поврзете се со нас

Формула 1

Форд го потврди враќањето и новото партнерство во Формула 1

Објавено

на

Foto:twitter.com/redbullracing

Формула 1 ќе го има гигантот Форд повторно во своето семејство и тоа како соработник на Ред Бул и неговиот втор тим Алфа Таури.

Денеска, Ред Бул го претстави болидот за новата сезона, а малку подоцна го потврди и партнерството со Форд, бренд кој се враќа во Формула 1 првпат по 2004 година.

Форд ќе биде задолжен за погонската единица на Ред Бул меѓу 2026 и 2030 година, а тимскиот шеф Кристијан Хорнер го истакнал задоволството од договорената соработка меѓу двете компании.

Форд е третиот најуспешен производител на мотори/погонски единици во Формула 1, со 10 конструкторски и 13 возачки шампионски титули во своето портфолио.

За американскиот производител ова партнерство ќе значи престижна битка со ривалите, но и можност да се искористи зголемената популарност на Ф1 шампионатот на американска територија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни