Поврзете се со нас

Свет

„Форбс“: Меси е најплатен спортист во светот, заработил вртоглава сума за една година

Објавено

на

Магазинот „Форбс“ традиционално ги прогласува најбогатите и најплатените поединци во различни категории, а на ред сега стигнаа и спортистите.

Според анализата, најплатен спортист во светот во периодот меѓу мај 2021 и мај 2022 година е Лионел Меси, актуелниот фудбалер на ПСЖ и член на аргентинската репрезентација.

Меси заработил високи 130 милиони американски долари пред оданочување, од кои 55 милиони се однесуваат на приходи од големиот број спонзори.

Зад Меси е НБА ѕвездата Леброн Џејмс со 121,2 милиони долари, а третопласираниот Кристијано Роналдо стигнал до 115 милиони долари за една година.

Иако е се поретко на тениските терени, Рожер Федерер се најде на седмата позиција со заработени 90,7 милиони долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни