Италија
Фонсека веќе работи под притисок: Лесно беше да се утврди каде треба да се поправи Милан

Пауло Фонсека не тргна добро во Милан и освои само еден бод во првите две кола, по што почнаа да се појавуваат и шпекулации за можен брз отказ доколку не го изведе тимот на посакуван пат.
Португалецот нема да има лесна задача во третото коло и останува да се види како тимот ќе одговори на гостувањето кај Лацио, пред кое новиот тренер на Милан очекува далеку подобро издание, но и поправање на грешките.
Милан покажува посебно големи слабости во одбрана и во бранење како тим, па Фонсека нагласи дека тоа треба да биде прв исполнет предуслов за да се покаже подобра слика на теренот.
– Свесни сме дека не почнавме добро, но остануваме сплотени и мирни. Сакаме да пронајдеме решенија, тоа го правиме во текот на цела недела. Сплотени сме како целина и полесно е да се работи во такви услови.
– Свесни сме каде треба сериозно да се подобриме, мора подобро да бидеме организирани и да се браниме како тим. Утре очекувам поинаков Милан, бидејќи беше лесно да се утврди каде треба да се поправиме. Имавме позитивна недела на тренинзите и не бараме изговори. Јас сум тука за да најдам решенија за лошиот старт, верувајте дека тоа го правев цела недела. Ќе видиме утре дали сме го направиле тоа, – изјави Фонсека.
-
Италија19 часа
Де Хеа во улога на агент: Голманот убедува поранешен соиграч од Јунајтед да му се приклучи во Фиорентина
-
Англија18 часа
Арсенал договори фудбалер на Челси, Фердинанд распали по безобразните фанови од Северен Лондон
-
Свет23 часа
Колвил му се закани на ПСЖ: Ние не сме ниту Интер, ниту Реал Мадрид!
-
АТП17 часа
Ѓоковиќ се одјави од Вимблдон со емотивна порака на социјалните мрежи (Фото)
-
Англија17 часа
Импресивната трансформација на Касемиро ги воодушеви фановите (Фото)
-
Свет21 час
Ѓокереш: Јас сум на исто ниво со Кејн и Халанд, сакам да играм…
-
Свет18 часа
Си пронајде нова средина: Барди ќе ја носи „десетката“ во друг турски суперлигаш (Видео)
-
ВТА20 часа
Историска победа: Швјонтек ја остави Анисимова на „нула“ и ја освои првата титула на Вимблдон