Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фонсека убеден дека Милан бил сериозно оштетен во судиското продолжение: Тоа е чист пенал (Видео)

Објавено

на

Милан покажа две лица на гостувањето на „БајАрена“ во Леверкузен, бидејќи во првото целосно се бранеше на својата половина и постави неколку блока пред својот гол, за потоа во второто да биде тимот кој го диктира темпото и играта.

Најиронично во целата ситуација беше тоа што Милан прими гол на стартот на втроиот дел, за потоа цело време да брка резултат и да создаде голем број шанси пред голот на германскиот првак.

„Росонерите“ не успеаја да го скршат бедемот пред голот на „фармацевтите“ и мораа да се помират со пораз од 1:0, но од самата зваршница на мечот пристигна и еден спорен момент, кој според тренерот Фонсека требал да биде окарактеризиран како чист пенал.

– Според мене, имаше чист пенал врз Лофтус Чик во самата завршница. Навистина посебно ме чуди што не интервенираа од ВАР. Прекршокот беше на линија и тоа мораше да биде пенал, – изјави Фонсека.

– Вистина е дека не победивме и не освоивме ништо, но имавме фантастичи перформанси. Ова беше нашиот најдобар меч откако сум тренер на Милан.  Не сум задоволен од резултатот, но задоволен сум од пристапот, – изјави Фонсека.

Стартот погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни