Поврзете се со нас

Англија

Фонсека тврди дека Тотенхем се откажал од него поради стилот на игра

Објавено

на

Пауло Фонсека беше многу блиску до менаџерската функција во Тотенхем, но на крајот таа му беше доделена на неговиот сонародник Нуно Есперито Санто.

Иако се шпекулираше дека поранешниот тренер на Рома и Шахтјор отпаднал поради финансиски несогласувања со раководството, самиот Фонсека сега открива што се случило.

– Веќе имавме договор, ги планиравме подготовките, а Тотенхем инсистираше на менаџер кој ќе гарантира офанзивен фудбал.

– Но, во меѓувреме пристигна Фабио Паратичи, тој не се сложуваше со дел од моите идеи и преферираше друг тренер.

– Јас имам свои принципи, сакам да бидам тренер на голем клуб, но очекувам луѓето да веруваат во моите идеи и проект, а тоа не беше случај со Паратичи.

Прв избор на Италијанецот бил Џенаро Гатузо, но откако и таа опција отпадна, клубот се реши на веќе поранешниот менаџер на Волвс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни