Поврзете се со нас

Франција

Фонсека со жестока реакција кон француски судија, ризикува долга суспензија (Видео)

Објавено

на

Пауло Фонсека ги загуби нервите на денешниот дуел меѓу Лион и Брест од француското првенство, а сега ризикува сериозна казна поради својата реакција.

Португалецот го презема Лион кратко по отказот кој го заработи во Милан, а денешната победа на неговиот тим сепак може да биде засенета со жестока суспензија од дисциплинците во Лига 1.

Фонсека не успеа да се исконтролира во ситуација кога реши да го критикува главниот судија, за што му беше доделен црвен картон, за потоа да следува и моментот кој може долго да го одалечи од клупата на Лион.

Тренерот на поранешниот француски првак реши да разговара со судијата „лице в лице“, а според француските медиуми, ваквиот агресивен потег има потенцијал за суспензија од дури седум месеци.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни