Франција
Фонсека со прва изјава откако доби драконска казна: Сакам да нагласам две работи

Пауло Фонсека заработи драконска казна од француските дисциплинци за своето недолично однесување кое го имаше на последниот натпревар против Брест, откако познатиот португалски стручњак реши да му се втурне во лице на главниот судија Беноа Мијо.
Иако немаше некои посериозни последици, минималниот физички контакт направи доскорешниот тренер на Милан да заработи жестока казна од девет месеци, па денеска Фонеска ја даде и првата изјава за француската јавност.
Фонсека изјавата ја дал непосредно пред дуелот на Лион против ФЦСБ во Лигата на Европа, при што тренерот посочил дека чувствува една голема неправда после притисокот кој го извршија медиумите, но и од конечната одлуката на дисциплинците.
– Сакам да останеме фокусирани на следниот ривал, но чувствувам дека се прави голема неправда со одлуката која беше донесена вчера.
– Сакам јасно да нагласам две работи….. Сакам да биде јасно дека немав сериозен допир со судијата и никогаш немав намера да покажам агресија кон него. За мене најважна останува поддршката која ја добивам од клубот и од оваа неверојатна група на играчи. Подготвен сум да продолжам да работам, без оглед на долгата суспензија. Мора заедно да најдеме солуции и да го организираме тимот на најдобар можен начин до крајот на сезоната, – изјавил Фонсека.
-
Формула 116 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Шпанија13 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија15 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија12 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија10 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства11 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 111 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
НБА15 часа
Јокиќ постигна 40 поени, Пул го шокираше Денвер со тројка од десет метри (Видео)