Поврзете се со нас

Италија

Фонсека се одлучи за неочекувана одлука на првиот работен ден како тренер на Милан

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Пауло Фонсека денеска официјално беше претставен како тренер на Милан и дефинитивно го одработи првиот работен ден како „росонер“, но за време на обраќањето кое го имаше од прес-конференцијата, португалскиот стручњак испорача низа интересни одговори.

Човекот кој ќе биде лидер на новиот проект на Милан е свесен дека му се приклучува на голем клуб, а тоа уште при првиот ден му го потенцирал Златан Ибрахимовиќ кој му предочил каде треба да се смести новиот трофеј во музејот на клубот.

– Прво и основно, благодарен сум за дочекот изминативе неколку дена. Сакам да му се заблагодарам на клубот за довербата која ми ја укажа. Јас сум силно мотивиран и убеден дека ќе завршам голема работа.

– Доаѓам во клуб во кој сакам да победувам. Пред да дојдеме тука, го посетивме музејот и ја видов историјата на Милан. Имам големи амбиции, Златан Ибрахимовиќ веќе ми покажа каде треба да се смести новиот трофеј. Сакам да бидам дел од историјата и подготвен сум за тоа, – изјави Фонсека, кој на почеток се одлучил за еден неочекуван чекор, односно решил да спие во тренинг центарот Миланело.

– За мене тоа не е чудно, за мене тоа е наједноставно. Пред мене е напорна работа и не треба да губиме време. Сакам да бидам достапен постојано, а моето семејство не е тука. Во нормални услови, голем дел од денот ми минува во работа, па ќе биде најлесно за мене да спијам во Миланело. Така може да работиме повеќе и ќе биде попрактично за мене да живеам во Миланело центарот, – изјави Фонсека.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни