Поврзете се со нас

Италија

Фонсека распали по поразот во Фиренца: Не сакам да бидам дел од овој циркус!

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Милан влезе во дербито со Фиорентина со позитивна серија од три победи во домашното првенство, но за жал лошите резултати од Лигата на шампиони сега се префрлија и во Серија А.

„Росонерите“ загубија на гостувањето на „Артемио Франки“ со 2:1 и се погрижија на доста лош начин да заминат на репрезентативна пауза, а за да биде уште потешко, фудбалерите на Пауло Фонсека не реализираа два пенали.

Тео Ернандес и Тами Ејбрахам беа прочитани од Давид Де Хеа, но на овој натпревар видовме одбранет пенал и од Мењан во дуелот со Моизе Кин.

Голманите брилјираа на своето работно место и не дозволија да видиме голови од 11 метри, но Фонсека по поразот остро го критикуваше судискиот критериум и циркусот кој се прави со ВАР проверките.

Сите три пенали беа досудени по минимални контакти, а тоа до толку го налути Фонсека, што по натпреварот порача дека не сака да биде дел од таков циркус.

– Јас сум човек кој го сака фудбалот и не сакам да бидам дел од овој циркус. Во денешно време во модерниот фудбал, секој контакт е пенал. Без разлика дали е за нас, или против нас, сега се суди пенал за најмал допир и контакт. Не сакам да бидам дел од ова……

– Ние може да жалиме што не искористиве два пенали. Кога нема да го направите тоа, тешко е да очекувате победа на еден натпревар, без разлика дали сте креирале други шанси. Мислам дека ни недостасуваше агресија, тоа беше клучно за поразот. Не дека Фиорентина созаде многу шанси, едноставно имавме проблеми да се одбраниме од нивните долги топки, – изјави Фонсека.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни