Поврзете се со нас

Италија

Фонсека распали како никогаш досега: Овој судија намерно носи одлуки против Милан!

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Аталанта ја продолжи својата страшна серија на резултати и стигна до деветта победа во низа, но истата беше уште послатка бидејќи беше остварена во самата завршница, и тоа против ривалот во локалното дерби Милан.

Голот на Лукман во 87-та минута ја направи главната разлика и донесе победа за тимот на Гасперини од 2:1, а додека во Бергамо владее славеничка еуфорија, во Милано станува се појасно дека „росонерите“ ќе имаат тешка задача да се изборат за топ четири пласман оваа сезона.

Иако Милан одлично парираше, на крајот попушти во одбраната и прими гол за пораз, но Пауло Фонсека по дербито беше посебно луд за инцидентот од првиот дел, односно голот на Де Кетеларе кој тој смета дека требал да биде поништен.

Белгиецот скокна врз Тео Ернандес и истворемено ја зафати и топката за предност од 1:0, но судијата Ла Пена не се огласи, а истото важеше и за луѓето во ВАР.

– Секогаш останувам тивок кога се судиите во прашање, секогаш оставам другите да зборуваат, а јас молчам. Но, сега се изморив од тоа и веќе нема да молчам после ова. Првиот гол на Аталанта беше чист прекршок, нема никаков сомнеж околу тоа. Начинот на кој судијата ја делеше правдата, изгледаше како да сака постојано да му наштети на Милан. Судеше против нас.

– Не станува збор сам оза овој меч. Знам дека судиската работа е тешка, но изморен сум од гледање како исти ситуации важат за едни, а не и за Милан. Чувствувам дека нема доволно почит кон Милан од судиите. Тој прекршок го промени мечот, бркавме резултат за гол кој беше постигнат под прекршок. Тој гол не требаше да важи и требаше да биде поништен. Бесен сум што морам да зборувам за судијата после ваков меч, но навистина сум револтиран. Ова почна да ни се случува секоја недела.

– Овој судија (Федерико Ла Пена) беше во ВАР кога игравме во Удине и треба сами да се навратите и да видите за што добивме црвен картон. Се плашев од овој судија кога пристигнавме во Бергамо и испадна дека не погрешив, – вели нервозниот Фонсека.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни