Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фонсека призна дека направил „Ел Класико“ анализа во подготовката за дербито со Реал

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

По двата стартни порази, Милан забележа победа против Клуб Бриж и ги освои првите бодови во новиот формат во Лигата на шампиони, но допрва следи најтешкиот испит за „росонерите“ оваа сезона.

Италијанскиот тим вечерва гостува кај најтрофејниот клуб во Европа на „Сантијаго Бернабеу“, а токму силата и традицијата на Реал Мадрид го прават овој натпревар уште повозбудлив за Пауло Фонсека.

Тренерот на Милан со огромен мотив го дочекува овој меч, пред кој на новинарите им откри дека во стартниот тим ќе биде Рафа Леао, кој пак беше преселен на клупа на последните три меча.

– Вакви натпревари носат дополнителна мотивација и ова е голема шанса за нас. Реал Мадрид секогаш е фаворит за титулата во Лига на шампиони, за нас ова е голема шанса да покажеме колку вредиме. Ќе играме против најдобрите играчи во светот, но мора да го направиме тоа без страв.

– Леао ќе биде стартер против Реал, очекуваме да го прави тоа што најдобро го знае. Знам дека тој е многу важен за мене и за тимот. Јасно е дека се создава многу притисок околу него, но јас се водам по моите убедувања, – вели Фонсека, кој призна дека „Ел Класико“ лекцијата која ја подели Барселона на последното „Ел Класико“ е појдовна точка за неговиот тим.

– Го гледав натпреварот меѓу Реал и Барселона, невозможно е да не се гледа таков натпревар. Ние сме различен тим од Барселона, но ги искористивме снимките од „Ел Класико“ за да се подготвиме за овој натпревар, – призна Португалецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни