Поврзете се со нас

Италија

Фонсека пристигна во Милано и ги поздрави новинарите со порака која е симбол за фановите на Милан (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/losclive

Пауло Фонсека излезе како победник од долгата листа на потенцијални тренери која ја имаше Милан, па Златан Ибрахимовиќ самиот го потврди ангажманот уште пред промоцијата.

Португалскиот стручњак има 51 година и неговите екипи се препознаваат по офанзивниот фудбал, а тоа беше главниот аргумент кој го испорача Ибра во објаснувањето зошто му се дава доверба на Фонсека.

Дел од навивачите на Милан не се воодушевени од повлечениот потег, но намерата на Фонсека е да ги демантира песимистите и успешно да ја започне својата нова авантура во Серија А.

Фонсека во минатото ја водеше Рома и италијанскиот фудбал му е добро познат, а денеска веќе пристигна во Милано каде ќе го има и првиот работен ден.

По пристигнувањето во Милано, Фонсека се упатил кон тренинг центарот на клубот за да се запознае со целиот комплекс, а планот е првиот прес да го одржи во понеделник.

– Форца Милан, – им порачал Фонсека на насобраните новинари при пристигнувањето во Милано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни