Поврзете се со нас

Италија

Фонсека пред дербито со Интер: Екипата расте од ден на ден

Објавено

на

foto:x.com/FCShakhtar_eng

Милан е под голем притисок во пресрет на утрешното градско дерби со Интер, а тоа посебно важи за тренерот Пауло Фонсека кој може да заработи и отказ по евентуален неуспех.

Португалскиот стручњак на денешната прес-конференција потенцирал дека не е засегнат од шпекулациите за негов отказ и очекува екипата да го подобри впечатокот на утрешното дерби.

– Шпекулациите не стигнуваат до мене, ако читам и слушам што зборувате, нема да можам да работам. Не размислувам за тоа и моја задача е да се фокусирам на она што можам да го контролирам.

– Не сакам да барам изговори за досегашните резултати, мора да продолжиме напорно да работиме и да разговараме со фудбалерите. Чувствувам дека екипата расте од ден на ден, мора да имаме континуитет, потребно ни е време…

– Знаеме дека ќе се соочиме со силен ривал, го подготвуваме натпреварот размислувајќи за типот на противник, но јасно е дека не смееме да му ја подаруваме топката на Интер. На дуелот со Лацио во првиот дел не примивме гол затоа што имавме посед на топката, – рекол Фонсека.

Дербито Интер-Милан се игра утре од 20:45 часот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни