Поврзете се со нас

Италија

Фонсека прецртал тројца фудбалери, Милан ќе ги продаде до крајот на преодниот рок

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Милан вечерва го пречекува Торино во првиот натпревар од новата сезона во Серија А, а тренерот Пауло Фонсека решил да прецрта тројца фудбалери од својот проект.

Јасно беше дека за дел од играчите нема да има простор во ростерот, а денеска стана јасно дека нов клуб ќе треба да си бараат Пјер Калулу, Јасин Адли и Томасо Побега.

Калулу досега беше најблиску до трансфер, бидејќи Милан веќе ја прифати понудата на Јувентус, но Французинот сам го одолговлекува процесот бидејќи наводно не бил убеден од тренерот Тиаго Мота за неговото место во тимот.

Сега Калулу ќе биде под поголем притисок бидејќи и Милан индиректно му соопшти дека треба да замине, а наводно во трката за него се вклучила и Аталанта која сака да му го расипе планот на ривалот од Торино.

Фановите на Милан ќе почекаат и за дебито на Емерсон Ројал, кој нема да може да дебитира вечерва поради административни причини.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни