Поврзете се со нас

Италија

Фонсека потврдил кој ќе го замени Мората против Калјари и го критикувал шпанскиот селектор

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Милан денеска му гостува на Калјари во Серија А, а на овој натпревар гостите нема да сметаат на Алваро Мората.

Шпанскиот репрезентативец играше важна улога во победата над Реал Мадрид во Лигата на шампионите и уште еднаш покажа зошто добива голема минутажа од тренерот Пауло Фонсека, но незгодниот удар заработен на тренинг го испрати во болница и на задолжително мирување од неколку дена.

Тренерот Фонсека на последната прес-конференција им открил на новинарите дека местото во тимот ќе го заземе талентираниот Франческо Камарда, информација која наиде на одобрување кај фановите на „росонерите“.

– Се случи чудна ситуација, Мората имаше незгоден судир со Павловиќ на тренинг и сега не е во комбинација за настап.

– Ќе ви откријам кој ќе го замени, и онака ќе дознаете за триесетина минути. Утре ќе игра Камарда, сметам дека во моментов е поподготвен за таа улога од Ејбрахам, – открил Фонсека.

Тренерот на Милан испратил критики и до шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте, а поради фактот што го вклучи Мората во составот на шпанската репрезентација.

– Има протокол кој налага дека фудбалерот мора да мирува по таков удар каков што заработи Мората. Не знам како Де ла Фуенте може да изјави дека Мората може да игра на првиот или вториот натпревар, за мене тоа е чудно. Она што јас го знам е дека фудбалерот мора да мирува 10 дена и тоа е протокол во ваква ситуација, а не избор на тренерот, – рекол Фонсека.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни