Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фонсека по големата победа на „Бернабеу“: Потешко е да се игра против Монца, отколку против Реал!

Објавено

на

Милан го одигра најдобриот меч во ерата на Пауло Фонсека, а тоа го направи на гостувањето кај најуспешниот тим во Европа во фудбалската историја.

„Росонерите“ го надиграа Реал Мадрид и успеаја да запишат победа од 1:3, но што е уште поважно, покажаа и истрајност во моментите кога домаќините сериозно притискаа во финишот.

Реал во безброј наврати се вратил од негатива на „Сантијаго Бернабеу“, меѓутоа изминатава вечер тоа не беше случај.

– Победивме поради тоа што играчите покажаа храброст. Не се исплашија, дојдоа смело да ја играат својата игра, без да бидат исплашени од било кого. Сакавме да ја задржиме топката, направивме одлични работи во првиот дел, а потоа малку и страдавме во вториот, што и беше очекувано. Покажавме истрајност и сплотеност и сосема заслужено победивме.

– Не се согласувам кога се вели дека италијанските екипи играат дефанзивен фудбал. Покажавме дека можеме да играме со топка и дека можеме да победиме со иницијатива и посед. Покажавме дека италијанските тимови не се само за бранење, покажавме дека знаеме да се позиционираме и да играме во напад, – изјави Фонсека, кој за крај заклучи дека било полесно да се игра против Реал, отколку против Монца пред неколку дена во Серија А.

– Кога ќе се погледне целосната слика, со начинот на кој јас го негувам фудбалот, потребни ни се натпревари на кои има повеќе простор за игра. Луѓето надвор од Италија не сфаќаат колку е тешко да се игра во Серија А. Монца ги маркира сите играчи човек на човек, Калјари ќе го прави истото следното коло, а и Аталанта играше човек на човек кога го победи Баер Леверкузен во финалето во Лига Европа. Потешко е да се игра во Серија А, отколку во Лига на шампиони. Полесно ни беше да играме против Реал, иако станува за најдобриот тим во светот. Тоа е така поради тоа што ни се нуди повеќе простор, во Италија останатите екипи се затворени и играат на маркирање. Можеби и поради тоа натпреварите не се толку интересни, но тоа не значи дека не се тешки, – заврши Фонсека.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни