Поврзете се со нас

Италија

Фонсека откри каков фудбал ќе игра Милан под негово водство: Мораме да…

Објавено

на

foto:x.com/FCShakhtar_eng

Милан одлучи да се раздели со Стефано Пиоли по крајот на минатата сезона, а на негово место го назначи искусниот португалски стручњак Пауло Фонсека.

Фонсека има работено во повеќе држави, а последниот го имаше во Франција во редовите на Лил од каде пристигна на „Сан Сиро“. Ова дефинитивно ќе биде голем предизвик, задача за Фонсека кој веќе го знае италијанскиот фудбал затоа што претходно ја водеше Рома.

Меѓутоа секој нов клуб е ново докажување и Пауло јасна визија за тоа каков фудбал треба да играат „росонерите“.

-Мислам дека во животот треба да ризикуваш, а тоа значи да имаш храброст да бидеш поинаков. Ние тренерите имаме обврска кон луѓето кои го сакаат фудбалот, а тоа не е само да победуваат, туку да имаат „форма“ што ги поттикнува страстите.

-Мора да создадеме спектакл и за тоа ни треба храброст, за оние со кои работиме да имаат храброст и да го доживеат фудбалот со радост. Тоа е мојот начин на размислување. Мислам дека е фундаментално да создадеме силно чувство за идентитет во тимот, што ни овозможува да имаме квалитет во нашата игра и амбиција да победиме на секој натпревар, -порача Португалецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни