Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Фонсека незадоволен пред мечот во ЛШ: Не ми се допадна изјавата на Чаби

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Пауло Фонсека врза три победи во низа во Серија А и со тоа си „купи време“ на „Сан Сиро“, односно може доста помирно да работи по сериозните гласини дека се наоѓа пред отказ уште во месец септември.

Португалецот ја поправи сликата и се погрижи за нова шанса во италијанскиот великан, кој веќе денеска ќе има нов голем предизвик во Лигата на шампионите.

По стартниот пораз од Ливерпул, сега следи дуел со германскиот шампион Баер Леверкузен, а увертирата на натпреварот не му се допадна баш на новиот тренер на Милан.

Чави Алонсо во својата најава порача дека Милан е „тим кој се брани длабоко во совјата половина“ и дека е „класичен пример за добро изработен италијански тим“, став кој повеќе од очигледно го налути Фонсека.

– Прочитав што изјави Чаби Алонсо и тоа не ми се допадна. Кога зборуваме за италијанските екипи, постојано го зборуваме истото. Се генерализира, се вели дека италијанските екипи добро се бранат и играат на контри. Јас сакам да се дисктуира за друго кога е во прашање Милан. Не сакам да бидеме етикетирани на таков начин. Секако дека ќе се браниме кога ќе треба, но кога ќе ја имаме топката, сакаме да играме фудбал. Со нетрпение чекам да видиме како ќе одиграме против Леверкузен, – изјави Фонсека.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни