Поврзете се со нас

Италија

Фонсека ја потврди повредата на Пулишич и фудбалерот кој ќе го замени на дуелот со Ц. Звезда

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Милан загуби од Аталанта во една од дерби пресметките од последното коло на Серија А, но очекува да им се врати на победите преку дуелот од Лигата на шампионите против Црвена Звезда.

„Росонерите“ играат на домашен терен, а единствен хендикеп за тренерот Пауло Фонсека ќе биде отсуството на Кристијан Пулишич.

Американскиот репрезентативец играше во одлична форма, но заработи повреда на претходниот натпревар, а Фонсека потврдил дека се работи за проблем со мускул, што е гаранција за задолжителна пауза. Истовремено, португалскиот стручњак потврдил дека замена за Пулишич во стартниот состав на Милан ќе биде Рубен Лофтус-Чик.

– Тие се различни фудбалери со различни карактеристики, но улогата е иста, а тоа што го очекувам од Лофтус е истото што би го очекувал од Пулишич.

– Лофтус повеќе ја задржува топката, во Лигата на шампионите имаме повеќе простор за игра, па очекувам да има позитивен ефект во играта. Нам ни се потребни трите бода, но ќе играме против тим кој го победи Штутгарт со 5:1 и е навистина опасен во контра нападите, – рекол Фонсека.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни