Поврзете се со нас

Италија

Фонсека го посочи некарактеристичниот проблем кој се провлекува во неговиот Милан

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Милан игра по рецептот „топло-ладно“ од самиот старт на сезоната, форма која продолжи да се повторува и по големата победа која ја остварија „росонерите“ на гостувањето во Мадрид.

Триумфот над актуелниот европски шампион брзо беше заборавен поради разочарувачкото реми со Калјари, а по репрезентативната пауза, следеше нов неинвентивен натпревар, во кој Милан ги подели бодовите со Јувентус.

Дербито на „Сан Сиро“ ги налути фановите на двата тима и изминативе денови пристигнаа доста критики за понуденото на теренот, па затоа Фонсека сега бара од своите играчи да заборават на ремито и да бркаат победа во мечот во кој се апсолутни фаворити.

Милан утре гостува на Слован Братислава во Словачка, а пред мечот, Фонсека не пропушти да потенцира еден чуден тренд кој владее во тимот откако тој го презема кормилото.

– Откако сум јас тука, ние играме добро против големите тимови, но не сме така добри против помалите тимови. Работиме напорно за да бидеме амбициозни на секој меч. Тоа го покажавме на секој натпревар против голем тим, но мора да работиме да бидеме константни и амбициозни и против помалите.

– Што се однесува за дербито со Јувентус, имаше добри и лоши моменти. Скалата на задоволство во Милан е многу поразлична од другите места. Натпревари како оној во саботата гледам секој викенд, но кога таков ќе одигра Милан, тоа изгледа како пораз. Реми е како пораз за Милан, а победа за противникот.

– За мене најважно е тоа што тимот останува цврст и компактен. Зборувавме за утрешниот меч и знаеме колку е важно да победиме. Имаме голема шанса да врземе три победи во низа во Лигата на шампиони, тоа е натпреварување кое може да ни донесе огромна самодоверба, – посочува Фонсека.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни