Поврзете се со нас

Италија

Фонсека ги објасни своите тактички промени кои му направија големи проблеми на Интер

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

После шест порази во низа, Милан конечно победи на „Дерби дела Мадонина“ и ја прекина црната серија против градскиот ривал, а тоа беше најповолна вест за Пауло Фонсека кој беше под сериозен притисок изминативе неколку дена.

Италијанските медиуми пишуваа за ултиматумот и веќе шпекулираа со имиња кои ќе го заменат Португалецот, но засега Фонсека ќе остане лидер на проектот, бидејќи со победата од 2:1 си донесе мир во наредните денови.

Голем интерес на новинарите секако привлече промената на системот и активирањето на традиционалниот 4-4-2, па Фонсека по важната победа даде кратко објаснување за тоа зошто тимот изгледал далеку подобро во споредба со 4-2-3-1.

– Ова беше тешко дерби, а Милан долго немаше победено на ваков натпревар. Секако дека натпреварот беше многу важен за нас, но играчите покажаа огромна храброст и заслужија да победат. Одамна немало тим кој им создал волку проблеми на Интер, мислам дека заслуживме да победиме, – изјави Фонсека, кој во продолжение се осврна на тактичките промени.

– Не гледам толку радикално на промената како што гледате вие новинарите. Направивме само неколку мали измени. Ако имавме проблеми во одбрана, Фофана беше тој кој требаше да служи како протекција за стоперите. Главната промена ја направија играчите со својот пристап, бидејќи тактичката структура беше доста слична. Мората доби слична улога како Рејндерс против Ливерпул, играше како поддршка за Ејбрахам.

– Потребно беше да му се даде поддршка на Ејбрахам, кој одново заврши одлична работа. Што се однесува до натписите за мене, оваа победа не менува многу, бидејќи јас не читав ништо што се пишувало досега, – изјави Фонсека.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни