Поврзете се со нас

Италија

Фонсека доби важно „засилување“ за трите меча кои ќе ја одредат неговата иднина

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Пауло Фонсека не тргна на посакуван начин во Милан и брзо дојде во ситуација да игра за својата иднина во клубот, па дел од италијанските медиуми веќе почнаа да пишуваат за поставен ултиматум од клубот.

„Росонерите“ освоија само два бода во првите три рунди и тимот уште чека на прва победа, а голема шанса за такво нешто сигурно ќе биде претстојниот меч со Венеција.

Според пишувањата, Фонсека ќе ја има првата „меч-топка“ оваа сабота на домашен терен, но потоа го чекаат уште два дерби натпревари кои сигурно нема да бидат лесни за него.

Ливерпул во Лигата на шампионите и Интер во домашното првенство ќе бидат тестовите кои ќе дадат вистинска слика за силата на Милан, а многу веројатно е дека работата на Фонсека сериозно ќе се разгледува по крајот на истите.

По крајот на репрезентативната пауза, новиот тренер на Милан дозна дека нема да може да смета на Бенасер, но големо засилување за споменатите три меча кои следат ќе биде големота летна аквизиција, Алваро Мората.

Шпанецот целосно се приклучил на тренинзите во полн интензитет и целосно ја надминал повредата која ја заработи во првото коло, па сега повеќе од сигурно ќе биде лидер во нападот против Венеција уште во сабота.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни