Поврзете се со нас

Италија

Фонсека директен: Имам чист образ, ако треба…

Објавено

на

Милан со многу мака дојде до трите бода на соочувањето со Црвена Звезда во Лигата на шампионите, меч на кој на хартија важеше за апсолутен фаворит.

Од калчолигашот се очекуваше подобра игра, многу полесно да дојде до триумфот против тимот кој против Барселона и Монако прими по пет гола, Интер на истиот овој стадион му даде четири погодоци, а Бенфика го совлада во Белград со 2-1. „Росонерите“ се мачеа до самиот крај и победата ја обезбедија дури во 87 минута, па повеќе од јасно е дека од ова соочување ќе се паметат само поените.

-Јас сум човек кој не е задоволен само со резултатот. Секако најважно е што победивме и што сме во добра позиција, но има работи кои тешко се менуваат. Понекогаш сум уморен да се борам со тие работи, Не сум задоволен од перформансите на тимот. Не сакам многу да зборувам, сакам да анализирам, но има работи кои ми се јасни. Тоа не е технички или тактички проблем. Со тоа чувство дојдовме до овој решавачки натпревар.

-Проблемот е што нашиот тим е како тобоган. Денеска сме добри, утре не знам. Тоа е како да фрлаш паричка и чекаш да видиш што ќе се случи. Тоа е импресивно. Знам дека работам секој ден да го подготвам тимот, да одигра добро. Не знам дали секој член на тимот може да го каже тоа. Имавме обврска да дојдеме на натпреварот и да направиме се за да победиме. И ние не го направивме тоа. Морам да разговарам со тимот за тоа што се случи на теренот. Тие исто така треба да сфатат дека тоа не смее да се повтори, -рече тренерот Паоло Фонсека и притоа додаде:

-Не сум лут, но тажен сум. Затоа што она што би сакал да го видам во тимот, не сум го видел. Никогаш нема да престанам. Имам чист образ. Ако треба да ги донесам момчињата од Примавера или Милан Футуро, ќе го сторам тоа. Нема проблем, -подвлече Португалецот кој дефинитивно не е задоволен од дел од играчите.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни