Поврзете се со нас

Италија

Фонсека: Дербито е готово, ако не победиме…

Објавено

на

Foto:x.com/acmilan

Милан го отвара новото коло во Серија А и тоа со меч против Лече кој е закажан за утре од вечерниот термин од 20:45 часот.

Оваа средба за „росонерите“ доаѓа по одличното издание против Интер во големото дерби, остварениот триумф од 2-1 кој секако донесе нова енергија, атмосфера во клубот. Меѓутоа тоа е веќе минато и тоа го знае тренерот Пауло Фонсека кој ги предупредува играчите да се не опуштаат и да дојдат до уште еден триумф на „Сан Сиро“.

-Тоа е многу, многу важно. Мораме да потврдиме дека растеме, -вели Фонсека за тоа колку е важно за екипата да го искористи моментумот од победата во неделата.

-Победата во дербито има повеќе смисла ако победиме и против Лече, бидејќи треба да почнеме да враќаме некои бодови. Има многу мотиви за победа утре. За мене тоа е опасен натпревар по дербито, мора да бидеме внимателни, не можеме да грешиме. Мора да победиме. Не сакам да се вратам на дербито, готово е. Менталниот дел беше поважен од тактиката и техниката. Овие игри се многу емотивни. Важно е да се биде на добро место, избалансиран, мотивиран и енергичен, -порачува стратегот.

-Победата во дербито носи самодоверба, носи поинаква атмосфера. Но јас сум таков, секогаш се трудам да бидам избалансиран. Еден натпревар може да промени сè, помага и на самодовербата на играчите. Но, тоа е само еден натпревар. Ако не победиме утре, луѓето ќе речат дека би можеле да испаднеме. Поради оваа причина, мора да заборавиме на дербито, фокусирајќи се на следниот натпревар, кој е најважен. Атмосферата е позитивна, ние сме среќни, но важно е да разбереме дека дербито е завршено, сега е неважно, -заклучи Португалецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни