Поврзете се со нас

Италија

Фонсека бара повеќе од Леао: Кога имаме квалитет…

Објавено

на

foto: x.com/SerieA_EN

Милан го очекува тежок меч против Аталанта во Серија А, дерби соочување кое ќе даде одговори на кое ниво се „росонерите“ против тимот кој едноставно „лета“ во шампионатот, игра квалитетно во Лигата на шампионите, клуб кој минатата сезона триумфираше во Лига Европа.

„Црвено-црните“ ќе мора да го дадат максимумот, а особено важни се асовите кои можат да направат разлика како што е Рафаел Леао. Португалецот е класа кога е расположен, фокусиран, но често знае да има падови и сезонава во повеќе наврати го видовме на клупата за резерви, поточно не беше стартер за Милан.

Меѓутоа нема никаков проблем меѓу него и тренерот Пауло Фонсека кој му испрати уште една порака на сонародникот.

-Верувам дека Рафа има простор за подобрување. Добро се снајде во последните натпревари, исто така и во однос на дефанзивната посветеност, но јас не сум целосно задоволен. Мислам дека Рафа има квалитет да направи повеќе, а ставот на Рафа мора да биде да направи уште повеќе.

-Тој има постигнато пет гола и мора да мисли дека може да постигне 20. Кога имаме квалитет, мора да бараме повеќе од себеси. Мислам дека ова е она што му треба на Рафа. Никогаш немојте да бидете задоволни и бидете амбициозни да правите повеќе и повеќе. Тој е на вистинскиот пат, но не може да запре сега, -порача Фонсека.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни