Фоњини изведе тениска магија каква што ретко се гледа, Тим му се поклони (Видео)

fognini-radost

Ова попладне Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ имаа лесни задачи и без проблеми се пласираа во третото коло на Мастерсот во Рим, рунда во која интересно нема да го гледаме финалистот од Мадрид и тенисерот кој го победи Рафа, Доминик Тим.

Австриецот и Фабио Фоњини го понудија исклучително највозбудливиот меч во денешната програма, а на крајот истиот му припадна на домашниот тенисер кој предводен од публиката го понуди својот најдобар тенис славејќи со 2:1 во сетови (6:4, 1:6 и 6:3).

Покрај победата, на Италијанецот му припадна и најдобриот поен на мечот, откако изведе една лоб магија со импровизиран удар на кој не остана рамнодушен ниту Тим кој можеше само да му честита на противникот.

Facebook Коментари