АТП
Фоњини: Ѓоковиќ е најсилен, но и најмалку сакан

Фабио Фоњини во својата кариера имаше можност да игра со тројцата најголеми играчи во историјата и единствено победа има остварено над Рафаел Надал, па правејќи споредба за неповторливото трио во светскиот тенис, имаше проблеми да го опише Новак Ѓоковиќ.
Освоената титула во Мелбурн повторно ја разгоре дебатата „најголем на сите времиња“, а бидејќи Ноле има се повеќе поддржувачи кога е оваа тема во прашање, со свој став се јави и Фоњини.
Италијанецот смета дека бројките му даваат за право на Ноле да се смета за посилен од Рафаел Надал и Рожер Федерер, но тешко му е да објасни зошто тој е најмалку сакан.
– Ноле е најсилен, бројките се повеќе го покажуваат тоа, но исто така е најмалку сакан од тројцата најголеми тенисери во историјата.
– Тешко е да се најде соодветен термин за него. Минатата година пропушти два грен слем турнири и четири Мастерси, но сепак успеа да се пласира во финалето на АТП. По се што се случи минатата година во Мелбурн, тој се врати и остави свој белег. Тој, Рожер и Рафа го монополизираа тенисот и ја напишаа историјата во овој спорт, – потенцира Фоњини.
-
Македонијапред 12 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 9 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 23 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 21 час
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 20 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 19 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 22 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 23 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……