Поврзете се со нас

АТП

Фоњини е голем фан на Федерер: Не сакам да ги потценам Ѓоковиќ и Надал, но……

Објавено

на

Foto:instagram.com/fabiofogna

Фабио Фоњини е составен дел од најголемата тениска елита две децении наназад и најголемите успеси ги оствари во 2019-та година, но и сега како 37-годишник се уште пронаоѓа доволно мотивација за да опстане на АТП турот и да се натпрварува на различни турнири.

Италијанецот кој важи за еден од најспефицичните тенисери во поновата историја е препознатлив по својот темперамент и испадите кои ги има на теренот, но од колегите секогаш добивал признание за квалитетот на тенис кој знае да го понуди, а токму тоа направи да биде и светски рекет број 9.

Фоњини во најдобрите денови играше против „големата тројка“ и добро знае што значи да се водат битки против Федерер, Ѓоковиќ и Надал, но кога треба да бира, негов фаворит е швајцарскиот маестро.

– Кога зборуваме за „големата тројка“, зборуваме за три мита. Од спортска гледна страна, јас сум голем фан на Федерер. Не сакам да покажам непочитување кон Ѓоковиќ и Надал, но според мене Федерер е број еден. Ако прашате 95 проценти од луѓето, тие ќе ви кажат дека го преферираат Федерер пред останатите двајца.

– Беше вистинско уживање да се гледа како игра, тоа беше елеганција во движење. Од друга страна, Ѓоковиќ знае да троши време и не му дозволува на другиот играч да игра кога е најдобар. За крај, што да се каже за Рафа….. Тој ве уништува и физички и психички. Кога играв против него, не можев да станам следниот ден. Кога се поздравува со него на мрежа по крајот на мечот, обично бев „мртов“ и преморен, – вели Фоњини.

Италијанецот во својата кариера не успеа да ги победи Федерер и Ѓоковиќ, но успеа да запише четири триумфи над Надал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни