Македонија
Фондацијата „Марко Божиновски“ го најававува првиот меморијален ракометен турнир

Од 14 до 17 јуни, на теренот на С.Ц „Марко Божиновски“ , во Ново Лисиче, Општина Аеродром, осум екипи на момчиња родени 2004-та година и помлади, од три држави, поделени во две групи, ќе се натпреваруваат за победнички пехар на премиернотот издание во чест на прерано починатиот млад ракометар.
„Марче – живееш вечно“ и „Засекогаш во нашите срца“ се крилатиците кои го водеа тимот на ентузијасти во организацијата на овој турнир. Една година по неочекуваната разделба со Марко, која се случи тивко, но одекна гласно, неговото семејство ја отвори Фондацијата „Марко Божиновски“. Во негова чест и аманет, а имајќи предвид дека ракометот беше негов живот, љубов и животна определба, како и со визија вечно да живее неговиот лик и дело, таа ќе даде поддршка на млади луѓе кои поседуваат талент но немаат можност да инвестираат во себе, но и всадување на спортски дух кај новите генерации, дух кој Марче го носеше во себе.
Водејќи се од визијата на Фондацијата, во сегментот на организација на спортски активности и настани за деца и млади, во периодот од 14 до 17 Јуни, 2022 година, Фондација „Марко Божиновски“ со особена чест и задоволство го најавува премиерното издание на Меморијалниот ракометен турнир „МАРКО БОЖИНОВСКИ“, турнир за ракометари до 18 години на кој ќе учествуваат осум младински екипи, од 3 различни држави, Хрватска, Србија и Македонија.
Натпреварите ќе се играат по принцип 2х30 минути во две групи, со систем на натпреварување секој со секого во својата група. Прво пласираните екипи од групите ќе играат натпревар за прво место, второпласираните за трето итн. Во случај на ист број на поени ќе се применат пропозициите на РФМ. Сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на „YouTube“.
Натпреварите од турнирот ќе се одиграат во спортскиот центар „Ново Лисиче“, Општина Аеродром, кој од минатиот октомври е преименуван во С.Ц „Марко Божиновски“. Турнирот ќе започне од 14 јуни во 17.30 часот, а свечената церемонија на доделување на наградите е предвидена на 17 јуни во 20.30 часот.
Група А
РК Војводина РК Нексе
РК Пролет
РК Вардар РК Голден Арт
РК Бутел К Пелистер Е.
14 Јуни 2022 15 Јуни 2022
17:30 Вардар – Бутел
19:00 Голден Арт – Пелистер Е. 11:00 Пролет – Вардар
16 Јуни 2022 17 Јуни 2022
09:30 Нексе – Голден Арт 09:00 Војводина – Нексе
11:00 Алкалоид – Еурофарм Пелистер
17:30 Војводина – Вардар
19:00 Пролет – Бутел
Финални натпревари
13:00 Натпревар за 7-мо место (А4 – Б4)
1
16:00 Натпревар за 3-мо место (А2 – Б2)
1
-
Германијапред 21 час
Ексклузива на германски „Скај“: Компани направи пресврт, Чурлинов постигна конечен договор (Фото)
-
Светпред 18 часа
Познати номинираните фудбалери за „Златната топка“, на списокот нема една голема ѕвезда
-
Англијапред 19 часа
Вернер: ВАР ме уништи во Челси, поставив рекорд кој никој нема да го урне
-
Светпред 16 часа
Бабунски влезе од клупа и спаси бод за Дебрецен (Видео)
-
Шпанијапред 17 часа
Барселона почна да ги регистрира засилувањата, засега виси само еден нов играч на Чави
-
Англијапред 22 часа
Играч на Челси заспа додека добиваше третман, Жоржињо го разбуди со шлаканица (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Барди се прости од Леванте како голем џентлмен и со крајно емотивни зборови: Сакав да биде поинаку…. (Фото)
-
Италијапред 5 часа
Инѕаги ги израдува фановите на Интер: Нема веќе продавања, ќе донесеме само уште еден играч