Фокус и ладнокрвност: Цветковски му ги скуси крилјата на Хален (ВИДЕО)

jane vs kristijanstad

Јане Цветковски имаше исклучително тешка задача на гостувањето кај Кристијанштад, каде што преку 40 минути го чуваше голот на Иштад, но со вкупно 11 спасени топки беше меѓу најдобрите поединци на теренот кај гостинската екипа, која демонстрираше слаба реализација.

На жешкиот терен во Кристијанштад досега во ЛШ лошо поминаа Пик Сегед (33:32) и Висла Плоцк (25:24), додека ППД Загреб ремизираше (28:28), а во шведското првенство (со еден пораз на гости) се лидери на табелата по 17 кола.

Меѓу одбраните на македонскиот „викинг“ е и онаа во 53 минута, кога иако при крај на натпреварот, демонстрираше фокус и ладнокрвност во ситуација каде што левото крило Виктор Хален имаше чиста ситуација во контранападот, но наместо да има чиста егзекуција, Цветковски беше неговиот „џелат“.

 

IF YSTAD💪💪💪💙💙💙

A post shared by Jane Cvetkovski (@jane_cvetkovski_16) on

Facebook Коментари