Англија
Фоден за целите на Сити: Само така ќе ја спасиме оваа сезона

Манчестер Сити игра сезона далеку под своите стандарди, сезона во која на крајот може да остане без ниту една титула, ама и без место во Лигата на шампионите.
Веќе одамна е запален алармот на „Итихад“, меѓутоа и покрај сериозните вложени средства во зимскиот преоден рок, работите тешко се движат во посакуваниот правец, екипата нема соодветен баланс, континуитет и покажува доста слабости.
Меѓутоа има простор да се корегираат некои работи и според Фил Фоден ако до крајот обезбедат Топ 4 пласман во Премиер лигата и го освојат пехарот во ФА Купот, тогаш можат дека ја спасиле оваа сезона.
-Ова е толку важно. Чувствувам дека ако го освоиме ФА Купот и завршиме во Топ 4, ќе ја спасиме слабата сезона во моите очи.
-Сега една од нашите главни цели е да се погрижиме следната сезона да играме во Лигата на шампионите. Во наши раце е ако ги победиме нашите натпревари, бидејќи треба да веруваме во она што можеме да го направиме и да веруваме дека можеме да го направиме тоа.
-Ни треба малку повеќе самодоверба. Не ни беше цел да бидеме овде на почетокот на сезоната, но понекогаш тоа е фудбалот, никогаш не се знае што ќе се случи зад аголот. Секогаш има тимови кои нè подобруваат и не предизвикуваат, и да, имавме малку пропуст оваа сезона, но сепак можеме да ја завршиме силно и да ја спасиме сезоната ако сакате, -порача офанзивецот кој игра година далеку послаба од претходната.
-
Македонија4 часа
Украинецот во елемент во клучен момент: Мајсторијата на Горига за победа на Вардар во Битола (ВИДЕО)
-
Англија16 часа
Тренерот на Кристал Палас откри дека посебно таргетирале еден играч на Арсенал
-
Шпанија17 часа
Анчелоти беснееше по играч на Реал, па веднаш го извади од игра: Ова не е театар! (Видео)
-
Шпанија11 часа
Тежок удар пред „Ел Класико“: Реал соопшти најлоша вест за Камавинга (Фото)
-
Италија17 часа
Инѕаги: Мора да му честитаме на Милан за тоа што ни го направи оваа сезона
-
Германија15 часа
Баерн се откажува од талентираниот Шпанец за кој се крена голема врева пред 18 месеци
-
Италија13 часа
Инѕаги беснееше по четвртиот судија и му забрани да покаже петминутно продолжение (Видео)
-
Македонија5 часа
Одличниот Вардар го урна Пелистер во Битола и сега е во пол-позиција за титулата