Англија
Фоден: Веруваме во Гвардиола, продолжуваме…
Манчестер Сити е непрепознатлив во изминатиов период и едноставно не може да и стави крај на лошата серија на резултат, низа која беше надополнета и со пораз од градскиот ривал Манчестер Јунајтед кој беше во загубена позиција до 88 минута за да до крајот направи пресврт и слави со 2-1.
Овој резултат и целиот настап потврди дека „граѓаните“ се далеку од тоа што можат и што го покажуваа на терените изминативе години, но Фил Фоден е оптимист и верува дека ќе се вратат порачувајќи дека максимално како тим стојат зад менаџерот Пеп Гвардиола.
-Сè уште не сме блиску до нашето ниво, но сепак верувам дека играме доволно добро за да добиеме поени и резултати. Се работи за да останеме фокусирани во текот на сите 90 минути, но продолжуваме да се исклучуваме во важни моменти.
-Треба само да го ставиме фокусот правилно. Се држиме заедно, се регрупираме и веруваме во себе по она што сме го постигнале во минатото. Ние продолжуваме да веруваме во процесот и менаџерот – сигурен сум дека ако го сториме тоа ќе се вратиме на победничките патеки и ќе се вратиме на нашето ниво.
-Станува збор за одржување на нашиот менталитет силен во текот на сите 90 минути и ние тоа не го правиме во моментов. Мораме повторно тоа да го направиме и да покажеме карактер за да се вратиме. Не е време за жалење – мора да се држиме заедно, да останеме силни и да одиме повторно. Уверен сум дека ќе се вратиме, -порача Фоден.
-
Светски првенства11 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Свет20 часа
(Не)очекувана одлука: Нејмар го избрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата
-
Репрезентација21 час
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Светски првенства10 часа
Одработен завршниот тренинг пред Австрија: Лазаров ги пренесе идеите, ракометарите треба да ги спроведат на дело (Фото)
-
Англија13 часа
Аморим откри каква кратка порака добил од Фергусон при средбата на теренот
-
Англија11 часа
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)
-
Италија20 часа
Малдини испратил специјален подарок за Ернандез (ФОТО)
-
Шпанија13 часа
Симеоне „ископа“ изјава на Анчелоти во која Италијанецот зборува за судиски одлуки во корист на Реал (Видео)