Англија
Фоден: Титула во ПЛ? Тоа е…

Манчестер Сити покажува многу слабости во текот на оваа сезона и е далеку од партии, резултатите од кои стравуваа сите екипи како во Англија така и во Лигата на шампионите.
„Граѓаните“ веќе имаат „дебел“ минус во Премиер лигата во однос на лидерот Ливерпул, минус од 12 бода со тоа што таа предност може да изнесува 13 или 15 поени затоа што „црвените“ имаат меч помалку, оној со Евертон кој допрва треба да се одигра на „Гудисон Парк“.
Во Сити се свесни за ситуацијата, па Фил Фоден посочи која сега е главната цел.
-Титула во оваа сезона? Тоа е готово, приказната е завршена. Ние го разбираме тоа. Ние не сме глупави. Целиме на едно од првите четири места и најдобриот можен успех во Лигата на шампионите. Сезоната не е завршена. Треба реално да гледаме на работите. Нашите настапи не се на посакуваното ниво, -порача Фоден кој во последно време ја крена формата и заедно со Савињо се двајцата најдобри играчи на составот од Манчестер.
-
Лига на шампиони22 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Лига на шампиони23 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Англија23 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони19 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони7 часа
Навивачите на Сити открија дека зајадливата порака не била наменета за Винисиус, туку за друг член на Реал (Фото)
-
Лига на шампиони8 часа
Винисиус по МВП изданието: Морам да разговарам со Флорентино
-
Италија6 часа
Пандев кратко го искоментира враќањето на Елмас во Серија А
-
Лига на шампиони18 часа
Куртоа: Заслуживме да победиме, ова е духот…