Англија
Фоден избркан од луксузна плажа на Крф поради бесна караница со својата девојка (Видео)

Фил Фоден е голем фудбалски потенцијал и еден од најголемите таленти од Англија, но неговото однесување надвор од терените веќе во неколку наврати направи да биде во центарот на вниманието на таблоидите.
Така е и овојпат иако се наоѓа на летен одмор во Грција, или поточно на Островот Крф од каде угледниот таблоид „САН“ добил видеа од лица кои се нашле на местото на настанот.
Имено, Фоден престојува во познат луксузен резорт на Крф и ужива заедно со неговото семејство, но сепак бил избркан од еден елитен бар на плажата поради бесна расправија со својата девојка Ребека.
Како што сведочат присутните за „САН“, Ребека разбеснала и предизвикала инцидент откако сфатила дека Фоден се допишува со друга девојка преку Инстаграм пораки, по што настанала голема расправија и врева поради која двајцата биле избркани од плажата.
На прикажаното видео се гледа како Ребека бесно му вика на фудбалерот на Манчестер Сити, кој без да возврати во тој момент го напушта барот.
– Дали мислиш дека сум глупава? Кажи и го тоа…….. Не може да одиме со тебе никаде, секогаш се случува ова…., – се дел од зборовите кои ги упатила Ребека.
🚨 Manchester City star Phil Foden recorded by onlooker arguing with his girlfriend Rebecca Cooke pic.twitter.com/XT24V2DIAr
— Live News (@LiveNewsForAll_) June 26, 2022
-
Пливањепред 22 часа
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 23 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Алаба влезе во игра и со првиот допир со топката изведе ремек-дело (Видео)
-
Светпред 21 час
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Англијапред 24 часа
Невил: Глејзер под итно да се појави во Манчестер, клубот скапува
-
Англијапред 14 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)
-
Репрезентацијапред 15 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 21 час
Рио Фердинанд за колапсот на Јунајтед: Веќе не можам да ги тролам ни фановите на Арсенал