Поврзете се со нас

Англија

Фоден херој во пресвртот на Сити, Халанд ја потврди дерби победата над Јунајтед (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Фил Фоден едноставно ужива да игра во дерби дуелите против Манчестер Јунајтед, па така откако минатата сезона постигна хет-трик во дуелот кој заврши 6:3, сега повторно беше клучен за тешко извојувана победа на „Итихад“.

Англискиот репрезентативец беше инспиратор на пресврт победата која ја оствари шампионот, кој денеска мораше да брка негатива по сензационалниот гол кој го постигна Маркус Рашфорд во 8-та минута.

Сити имаше шанси да се врати во игра уште во првиот дел и Ерлинг Халанд промаши празен гол, но во вториот дел на сцена стапи Фоден кој со два гола се погрижи за пресврт и го трасираше патот кон победата.

Најпрво со спектакуларен удар му одговори на Рашфорд за 1:1, потоа извонредно биеше и ја комплетираше тимската акција за 2:1, а во самата завршница во листата на стрелците се запиша и Ерлинг Халанд.

Човекот што можеше да биде трагичар доби подарок од Амрабат, па во судиското продолжение ги постави конечните 3:1 на „Итихад“, победа со која Сити одново дојде на само минус еден од Ливерпул.

За да биде шампионската трка уште повозбудлива, следното коло ни носи големо дерби на „Енфилд“ меѓу Ливерпул и Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни