Поврзете се со нас

Европски првенства

Фоден експресно го напуштил англискиот камп во Германија поради неодложна обврска

Објавено

на

Foto:x.com/England

Фил Фоден наиде на доста критики поради своите изданија во групната фаза на Европското првенство, но ѕвездата на Манчестер Сити сега е неизвесна за осминафиналето на континенталниот собир.

Офанзивниот фудбалер денеска бил ослободен од Герет Саутгејт и водечките луѓе на Федерацијата, откако му искрснал неодложна семејна обврска која побарала негово итно враќање во Англија.

Угледните медиуми од Островот информираат дека Фоден попладнево го напуштил англискиот камп во Германија и со првиот чартер лет се враќање дома, а од почит кон семејството, англиските новинарите засега не откриваат никакви детали.

Во овој момент не се знае колку слободни дена добил Фоден, и дали воопшто ќе се враќа во Германија за да биде дел од осминафиналето, или од понатамошната нокаут фаза во зависност од резултатите на Англија.

Фоден вчера играше против Словенија и беше стартер на Саутгејт, а во финишот беше заменет за да му го отстапи своето место на Гордон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни