Шах
ФМ Јани Богоевски го освои Третиот меморијален турнир „Средба на генерациите“

Во чест на Лазо Јанчев, неуморниот шаховски работнк и долгогодишен генерален секретар на Шаховската федерација, беше организиран турнир во забрзан шах кој се одигра во просториите на ШК Алкалоид во Скопје.
Ова е Трет меморијален турнир под името „Средба на генерациите“ организиран од страна на семејството Јанчеви, а со идеја да се потсети на човекот чиј работен век беше посветен на унапредувањето на шаховската игра и негова организација на територија на Македонија.
Симболично, турнирот ја означи 87-годишнината од раѓањето на Лазо Јанчев, а право на настап имаа играчи на возраст од 64 години (бројот на шаховските полиња, како и возраста на Лазо Јанчев кога почина). За разлика од лани наместо 14 имаше 24 учесници, меѓу кои највозрасен беше познатиот спортски новинар во пензија, Атанас Костовски, кој е генерација на Лазо Јанчев.
Се играше по Швајцарски систем, според правилата за забрзан шах, со темпо од 10 минути за секој играч плус 5 секунди за потег. По седум кола како победник се издвои ФИДЕ мајсторот Јани Богоевски кој освои убедливи 6,5 поени. Зад него се најдоа уште двајца играчи со мајсторски титули, Александар Кралевски и минатогодишниот победник Љубомир Хаџи Манев.
Судија на турнирот беше ИМ Тони Кироски.
-
НБА16 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Италија15 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Англија24 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Шпанија6 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот
-
Шпанија23 часа
Капитен на шпански прволигаш оди на принудна пауза поради тешка болест: Ми се врати ракот (Видео)
-
Франција21 час
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
НБА18 часа
Лејкерс донесе и центар за борбата под обрачите (ВИДЕО)