Свет
Флуминенсе со спектакуларна акција ја урна Бока и освои прва титула во Копа Либертадорес (Видео)

Големото финале во Копа Либертадорес се доживува поинаку од секој друг натпревар во Јужна Америка, а доказ за тоа добивме и на вечерашниот натпревар кој се одигра на бразилска „Маракана“.
Натпреварот меѓу Флуминенсе и Бока Јуниорс донесе нова историја во најважното фудбалско натпреварување во Јужна Америка, бидејќи бразилскиот клуб за првпат од постоењето го освои најпрестижното фудбалско натпреварување кое е идентична верзија на европската Лига на шампиони.
Бразилскиот тим предводен од Диниз (актуелен селектор на „кариоките) излезе како поуспешен по 120 минути игра, а мора да се напомене дека тоа беше максимално заслужено со оглед прикажаното на теренот.
Флуминенсе поведе со голот на Кано во 36-та минута и направи убава разлика во првиот период, но аргентинскиот великан не се откажа и во вториот дел израмни со одличен шут на дефанзивецот Адвинкула.
Ова се случи во 72-та минута, а во последните 20 ниту еден од двата тима не сакаше да ризикува и финалето отиде во дополнителни 30 минути игра.
Во овој период, клучниот момент се случи во 99-та минута кога фантастичната акција во гол ја круниса Џон Кенеди за големо славје на трибините, а потоа и за прва и историска титула на Флуминенсе.
-
Германијапред 17 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 19 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 16 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Шпанијапред 18 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)
-
Светпред 16 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)
-
Европски првенствапред 23 часа
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Англијапред 16 часа
Карагер: Само еден тим е подобар од Арсенал во ЛШ
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Онана е втор најдобар голман во Премиерлигата