Флорентино за сомнителните прашања на Роналдо: Ако имаш пријател во Кина, сигурно….

perez-kikica

Луиз Филипе Сколари пред неколку дена ја разбранува јавноста откако во ексклузивно интервју обелодени дека во последно време често добивал прашања од Кристијано Роналдо за тоа каков е животот во Кина, а истовремено му испрати совет на својот добар познаник дека треба да се пресели во Азија во оној момент кога ќе му се укаже шанса.

Искусниот бразилски стручњак со својата изјава секако посебно ги предизвика шпанските медиуми кои кренаа голема врева на оваа тема, а оваа вечер, претседателот Флорентино Перез се обиде да ги стивне неочекуваните шпекулации давајќи еден најобичен пример од животот.

– Нема потреба да се дава преголем акцент на тоа. Ако имаш пријател кој живее во Кина, ќе го прашаш како се живее таму, сигурно нема да го прашаш како се живее во Индонезија, – порачува првиот човек на „кралскиот клуб“ кој веќе неколку години наназад постојано е приморан да дава одговори на вакви информации кои се појавуваат во јавноста.

Facebook Коментари