Флорентино потроши 90 милиони евра во обид да го пронајде новиот Нејмар (Фото)

perez-lopetegi

Флорентино Перез во неколку наврати јавно и јасно призна дека една од неговите неостварени желби е ангажманот на Бразилецот Нејмар кој во два наврати досега избра два други клуба пред Реал Мадрид, а дека првиот човек на „кралевите“ едноставно е опседнат да добие фудбалер од Бразил со потенцијал како оној на актуелната ѕвезда на ПСЖ најдобар доказ се последните потези во изминативе 10-тина месеци.

Првиот човек на Реал на крајот на 2017 година го договори ангажманот на големиот суперталент Винисиус кој е предвидено да ги одработи летните подготовки со првиот тим, а денеска стана јасно дека Перез официјално доведе уште еден голем потенцијал од Бразил, младиот Родриго Гоеш.

Станува збор за 17-годишниот суперталент на Сантош, клуб со кој Реал денеска постигна официјален договор за трансфер кој достигнува 45 милиони евра, сума која претходно Реал му ја плати и на Фламенго за да го осигура Винисиус Јуниор кој исто така има само 17 години и кој според стилот неверојатно многу потсетува на Нејмар.

Ова значи дека претседателот на Реал во изминативе 10 месеци издвои 90 милиони евра за талентирани фудбалери, се со единствена цел, односно да добие профил на фудбалер кој игра како главниот носител на бразилската фудбалска репрезентација.

vinisius-rodrigo

Facebook Коментари