Флорентино со остри зборови за одлуката на федерацијата да го отпушти Лопетеги

perez-lopetegi

Денешната официјална промоција на Хулен Лопетеги како нов тренер на Реал Мадрид беше можност за обраќање на веќе бившиот шпански селектор, но и првиот човек на клубот, Флорентино Перез.

Ако Лопетеги се концентрираше на емоциите и одговорноста која му е доделена од Реал, Перез испрати критики до раководството на шпанската фудбалска федерација. Според претседателот на европскиот првак, Лопетеги некоректно бил отпуштен.

Лопетеги емотивно распрсна на презентацијата во Реал: Вчера го искусив најтешкиот ден во живот по смртта на мојата мајка (Видео)

– Реал Мадрид и Хулен постигнаа договор без никакви притисоци. Нашата цел беше да бидеме транспарентни и да избегнеме шпекулации на подолг рок.

– Бевме непријатно изненадени од сугестиите дека нашиот договор може да има негативн влијание врз соблекувалната на националниот тим во која се наоѓаат врвни фудбалери, играчи кои не дозволуваат ништо да влијае врз нивниот професионален ангажман. Не постои ниту еден аргумент кој ја оправдува одлуката Лопетеги да не ја води Шпанија на овој мундијал, – истакнал разочараниот Флорентино Перез.

Facebook Коментари